
Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, призна дека има позитивна нервоза во тимот пред вечерашното отворање на ЕП против Шкотска. Сепак, поранешниот тренер на Баерн Минхен е уверен дека тимот има сѐ што е потребно за да одигра успешен турнир, а играчите се во форма пред воведниот натпревар.
„Мислам дека сме подготвени. Извлековме максимум од последните неколку дена и добро трениравме. Момците изгледаат во добра форма. Малку сме нервозни, но мора да има некоја позитивна нервоза пред стартот. Мора да упатиме многу комплименти до докторот на тимот затоа што имавме тројца или четворица играчи кои дојдоа со повреди, но сега сите се добро освен Павловиќ и со нетрпение го чекаме почетокот“, изјави Нагелсман.
„Шкотска е многу добра селекција кој има четири или пет многу важни играчи. Ќе има многу нафрлувања, но многу напредуваа во начинот на кој играат фудбал. Нивниот менталитет е исклучителен. Под притисок се повеќе од нас. Сакам да веруваме во себе. Имаме сѐ што ни е потребно, квалитет, дисциплина, менталитет. Сакам да направиме сѐ што можеме за да имаме одличен турнир. Сакам целата земја да ни даде сила да одиме напред. Ги замолувам навивачите на стадионот да бидат многу гласни. Убеден сум дека ќе одиграме добар натпревар“, истакна селекторот на Германија.
Натпреварот меѓу Германија и Шкотска се игра вечерва од 21 часот на „Алијанц арена“ во Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal