Connect with us

Рамос за првпат во кариерата ќе го пропушти Ел Kласико во Ла Лига

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, нема да биде во тимот на „кралевите“ за вечерашниот мегадуел против Барселона, во 30. коло од шпанското првенство. Дефанзивецот закрепнува од повредата на мускулот и за првпат во кариерата ќе го пропушти Ел Класико во шампионатот.


Прехорно, Рамос двапати пропушти натпревари против Барселона, но не во Ла Лига. Тој не учествуваше во второто полуфинале од Лигата на шампионите во сезоната 2010/11, како и во полуфиналето на Купот на Шпанија во сезоната 2012/13 година.

Големата пресметка меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра вечерва во 21 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови