Connect with us

ПСЖ се откажа од ангажман на Ким Мин-Јае

Францускиот шампион Пари Сен Жермен одлучи да не го ангажира дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае. 26-годишниот Кореец имаше одлична сезона и им помогна на „наполитанците“ да стигнатѕ до титулата, а со тоа го привлече вниманието на гигантите.


Еден од нив е ПСЖ, кој, сепак, се чини дека ги преиспитува своите трансферни планови.

На „Паркот на принцовите“ се чини дека не можат да се борат со Манчестер Јуанјтед за потписот на Кореецот, кој беше понаметлив и му понуди на дефанзивецот огромна плата.

Инаку, Ким Мин-Јае има откупна клаузула вредна околу 55 милиони евра, што и не е толку голема за играч од неговата класа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови