Connect with us

Рангник: Ако Баерн ми каже, „те сакаме“, тогаш ќе морам да се прашам дали и јас тоа го сакам

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник, призна дека имал разговор со шефовите на Баерн Минхен и за тоа го информирал раководството на австриската фудбалска централа.


„Во моментов сум фокусиран на селекцијата на Австрија и на претстојното Европско првенство. Со австриската федерација имаме односи засновани на целосна доверба. Овде се чувствувам добро. Во моментов нема причина да се занимаваме интензивно и конкретно со ова прашање“, изјави Рангник.

На прашањето дали ќе дојде таков момент, 65-годишниот германски стручњак одговори:

„Баерн стапи во контакт со мене и веднаш ја известив австриската федерација. Ако Баерн ми каже, „те сакаме“, тогаш ќе морам да се прашам дали и јас тоа го сакам“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови