Connect with us

Погба: На Манчестер Јунајтед и на Милан им личи да играат во ЛШ

Манчестер Јунајтед го елиминира Милан во осминафиналето на Лигата на Европа, победувајќи на „Сан Сиро“ со голот на Пол Погба. Тој вели дека е среќен што „црвените ѓаволи“ се пласираа во следната рунда, но потенцира дека местото на и двата клуба е во Лигата на шампионите.


„Се надевам дека ќе сретнеме со Милан и следната сезона, но во Лигата на шампионите, тоа е натпреварување за овие два клуба. Се трудиме со квалитетот да се наметнеме и во Премиер – лигата и во Европа. Среќен сум што јас ја направив разлика, но целиот тим одигра одлично против Милан. Драго ми е што го видов и Златан, тој е роден лидер и голем мотив за секој фудбалер. Игра фантастично и на 40 години“, изјави Пол Погба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови