Connect with us

По одличните игри на ЕВРО: Јунајтед подготви нов договор за Лук Шо

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготви нов договор за левиот бек Лук Шо. Тој игра одлично во дресот Англија на Европското првенство и раководството на „црвените ѓаволи“ сака да го награди со подобри услови.


25-годишниот фудбалер кој ја покрива левата странична позиција се мачеше со повреди, но сега е максимално подготвен и покажа дека може да игра неверојатно добро. Шо запиша три асистенции во елиминациската фаза на ЕВРО.

Манчестер Јунајтед сака да ја продолжи соработката со англискиот репрезентативец до 2025 година и значително да ја зголеми неговата годишна плата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови