Connect with us

Паратичи: Не го продаваме Роналдо, тој е најдобар играч во светот

Италијанскиот првак Јувентус доживеа шокантен пораз (0-1) од Беневенто на домашен терен и веројатно ги загуби шансите за одбрана на титулата. Во хаотичната состојба во Торино, сепак, и добри вести за фановите на „старата дама“. Спортскиот директор Фабио Паратичи истакна дека Јувентус нема да го продава Кристијано Роналдо.

„Не го продаваме Кристијано Роналдо, тој ќе остане со нас. Најдобар фудбалер е на светот, зошто не би сакале да остане во нашиот тим“, изјави Паратичи.

Јувентус по овој пораз има големи десет бода негатива во однос на лидерот Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови