Connect with us

Пандев ги донесе новите италијански спонзори во Струмица

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе склучи партнерство со раководството на аматерскиот клуб од Милано, ФЦ Брера, за надминување на актуелната состојба и за подобра иднина на клубот во негова сопственост, македонскиот прволигаш Академија Пандев.

Тие зедно вчера го следеа мечот против Лехија Гдањск во Конференциската лига на УЕФА, а денеска беа во Општина Струмица на средба со градоначалникот Костадин Костадинов.

Ова само ја потврдува изјавата на тренерот Ѓорѓе Стојчев дека Академија Пандев нема да се фузира со Беласица, туку има обезбедена сопствена иднина и тоа со помош на нови италијански инвеститори. Ќе видиме што тоа ќе значи во иднина за развојот на Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови