Connect with us

Њукасл со триумфот над Лестер го прескокна Сити на второто место (ВИДЕО)

Њукасл оствари убедлив триумф (0-3) на гости против Лестер и се искачи на второто место на табелата во Премиер – лигата со 33 бода, еден повеќе од Сити кој има одиграно два натпревари помалку.

Крис Вуд од пенал донесе водство, Алмирон зголеми на 0-2, а Жоелингтон постигна трет погодок и го реши мечот.

Вулверхемптон славеше важна победа на гости (1-2) против Евертон. Рајан Аит Нури во 95.минута донесе триумф за гостите на овој меч.

Јери Мина погоди за предност на Евертон, а до крајот на полувремето израмни Поденс.

Фулам го совлада на гости Кристал Палас со 0-3, откако домашните останаа со двајца фудбалери помалку, а Брајтон со 1-3 славеше на гости против Саутемптон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови