Connect with us

Навивачите на Ливерпул ќе ја тужат УЕФА

Повеќе од 1.800 навивачи на Ливерпул ќе поднесат заедничка тужба против Европската фудбалска унија (УЕФА) по финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид на 28 мај во Париз, објавија нивните адвокати.


УЕФА го одложи почетокот на финалето за 35 минути поради „безбедносни проблеми“ со навивачите, кои беа предмет на полициска акција и беа злоупотребени од француската полиција додека чекаа да влезат на стадионот.


Истрагата на францускиот Сенат ги отфрли тврдењата на УЕФА и француската влада дека навивачите на Ливерпул кои немале билети се главната причина за инцидентот.


Навивачите планираат да ја тужат УЕФА за прекршување на договорот за продажба на билети и невнимание во обезбедувањето на безбедноста на гледачите.


Ливерпул, од своја страна, собра 8.500 изјави од навивачите, како и фотографии и видеа, кои беа доставени до независна истрага нарачана од УЕФА.


Реал го доби овој натпревар со 1-0 и по 14-ти пат стана европски првак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови