Connect with us

Најбруталниот старт на Европското првенство (ВИДЕО)

Најгрубиот фаул на Европското првенство се случи на осминафиналниот дуел меѓу Украина и Шведска (2-1). По регуларниот дел беше 1-1, се играа продолженија, а во 98. минута шведскиот дефанзивец Маркус Даниелсон направи брутален прекршок над украинскиот фудбалер Артем Беседин.


Двајцата тргнаа кон една ничија топка на центарот на теренот. Даниелсон прв ја однесе, но тоа го стори тоа опасно, ја заби копачката во коленото на Беседин.


Судијата Даниеле Орсато му даде жолт картон, но на интервенција на ВАР дополнително се посвети на прекршокот и тогаш оцени дека Даниелсон сепак заслужува црвен картон за бруталниот старт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови