Connect with us

Нагелсман: Ние бевме поефикасни од Барселона

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, го сподели своето мислење за натпреварот против Барселона, во кој неговиот тим оствари победа од 2-0. Германскиот првак погоди на почетокот на второто полувреме кога Лукас Хернандез и Лирој Сане постигнаа два гола голови за четири минути и тоа беше доволно за да се завери нова победа во Лигата на шампионите над Барса.


„Во првото полувреме Барселона имаше повеќе шанси, но грешеше во завршното додавање. По паузата заигравме подобро. Одлучувачки фактор за нашата победа беше нашата ефикасност“, изјави Нагелсман по натпреварот.


„Садио Мане играше на друга позиција. Тој нема играно слична улога во Ливерпул. Драго ни е што имаме играч како него. Садио сигурно ќе даде многу голем придонес за Баерн“, убеден е тренерот на баварскиот великан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови