Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, а најблиску до него во моментов е Рома, тврди „Кориере дело Спорт“. Жозе Мурињо успеал да го убеди Дибала дека Рома следната сезона ќе биде конкурентна за највисок пласман, а желба на фудбалерот и неговата девојка е да живеат во „вечниот град“.
Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, откри дека барањата на Дибала за нов договор биле надвор од досегот на клубот и токму затоа ќе се случи разделба на крајот од сезоната. Интер долго време важеше за главен фаворит за потписот на Дибала, но се чини дека сепак Рома ќе биде неговиот избор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













