Connect with us

Милевски: Одигравме добар меч, најавив дека ќе бараме опции за „проблематичните“ позиции

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Молдавија на пријателскиот натпревар во Анталија. Нашиот национален тим поведе со голот на Бојан Миовски во 45.минута, но Молдавците израмнија со прекрасниот погодок на Витали Дамашкан со ножички на 82.минута.

Селекторот Благоја Милевски вели дека овие пријателски натпревари ќе послужат за да се испробаат неколку варијанти за позициите кои се „проблематични“.

„Одигравме добар натпревар, посебно во првото полувреме кога и обезбедивме водство. Можам да им честитам на фудбалерите, создадовме 5-6 изгледни шанси, но требаше подобро да реализираме. Во финишот Молдавците постигнаа прекрасен погодок, можеби и од првиот директен удар кон нашиот гол. Таков е фудбалот, ние сега ќе продолжиме да се подготвуваме за следниот натпревар против Црна Гора. Најавив дека на овие мечеви ќе бараме опции и ќе испробаме неколку варијанти со фудбалери на нови позиции, оние кои се „проблематични“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови