Македонскиот прволигаш Работнички го именува Милан Илиевски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа во тандем со Баже Илијоски кој ќе биде негов прв асистент, објави клубот на својот официјален сајт.
Тие од утре ја преземаат должноста и ќе го одржат првиот тренинг со тимот. Поранешните истакнати фудбалери на Работнички сега се враќаат во нова улога.
Во стручниот штаб на Милан Илиевски ќе бидат и Теодор Терзиев како кондициски тренер и Филип Ивановски кој ќе продолжи да работи со голманите.
Милан Илиевски беше дел од стручниот штаб на Игор Ангеловски во А-репрезентацијата на Македонија која успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2020 година.
Илиевски дебито на клупата ќе го има на натпреварот против Брегалница во Штип следниот викенд.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski