Connect with us

Меси ќе решава за иднината по мундијалот во Катар

Аргентинската ѕвезда Лео Меси нема да брза со одлуката за својата иднина. Фудбалерот на ПСЖ не размислува за никакви потези во наредните недели, дури и месеци. Меси е целосно фокусиран на сезоната со парижаните, а потоа и на претстојното Светско првенство во Катар.


ПСЖ размислува да му понуди нов договор на Меси, додека Барселона го засилува интересот за својот поранешен играч, но Аргентинецот нема да направи конкретен потег пред почетокот на 2023 година, иако договорот му истекува следното лето.

Меси во ПСЖ имаше лош почеток, но тој постепено се прилагоди, а напаѓачот има три гола и седум асистенции во неговите седум настапи во Лига 1 оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови