Connect with us

Мбапе поставил три услови за да остане подолго во ПСЖ

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, постави три услови кои треба да бидат исполнети за да остане во парискиот клуб подолг период. 24-годишниот фудбалер сака раководството да го продаде напаѓачот Нејмар.


Клубот и минатото лето се обиде да го продаде Бразилецот за да го задоволи Мбапе, но не беа пронајдени потенцијални купци.


Другите две барања на Мбапе се потпишувањето на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, чиј договор со лондонскиот клуб истекува во летото 2024 година, и покана до поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, за тренерската функција.


Доколку клубот не ги исполни овие барања, тогаш Мбапе може да го напушти ПСЖ или следното лето или на крајот од договорот како слободен играч.


Минатата година напаѓачот потпиша договор со клубот до летото 2024, со опција и за трета сезона.
Тој оваа сезона има 20 настапи во сите натпреварувања, а постигна 19 гола и забележа пет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови