Connect with us

Марсело Гаљардо по осум години ја напушта Ривер Плата

Марсело Гаљардо ќе ја напушти Ривер Плата кога ќе му истече договорот во декември. Тој ги води „милионерите“ повеќе од осум години.


Периодот на Гаљардо во Ривер Плата беше еден од најуспешните во историјата на тимот од Буенос Аирес.

„Мојот договор истече и повеќе нема да бидам во клубот. Ова е една од најтешките одлуки што сум ја донел во кариерата. Им благодарам на сите кои ми веруваа во овој период”, изјави стратегот на прес-конференција.

Гаљардо пристигна во Ривер во мај 2014 година и освои 14 аргентински титули со клубот, вклучувајќи седум меѓународни трофеи и шест домашни купови.

До крајот на сезоната Ривер Плата има домашен натпревар против Розарио Централ, како и гостување против Расинг Клуб. „Милионерите“ се на втората позиција во поредокот со четири бода помалку од тимот на Бока Јуниорс кој има одиграно еден натпревар помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови