Брегалница сака да го заборави поразот од Ренова во Тетово и сега комплетно енергијата е насочена во желбата за триумф против Струга Трим Лум. Младиот дефанзивец Јован Манев истакнува дека „сините“ се подготвени за надигрување.
„Сакаме против Струга ТЛ да се вратиме на победите. Зад нас останува дуелот со Ренова, утврдени се грешките и изминативе денови завршени се анализите од натпреварот, па сега комплетно се концетрираме на пресметката со една од најдобрите екипи во лигата. Максимално го респектираме тимот на Струга ТЛ но знаеме и веруваме доколку одиграме на високо ниво дека можеме до трите бода“ – вели Јован Манев.
Натпреварот меѓу Брегалница и Струга ТЛ од 9. коло во ПМФЛ се игра утре со почеток од 15 часот на Градскиот стадион во Штип.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski