Connect with us

Мане доби статуа во родното село, ама воопшто не наликува на него

Садио Мане е најголемата фудбалска ѕвезда на Сенегал и еден од најважните луѓе во земјата. Мане се грижи за своите селани во селото Бамбали. Таму изгради училиште, болница, пошта и бензинска пумпа, а финансиски им помага и на сиромашните. Затоа решиле да му направат статуа во селото.


За жал, таа воопшти не наликува на Мане и сето ова стана потсмев на социјалните мрежи.

Напаѓачот на Баерн не се изјасни на оваа тема, а оваа е уште една во низата очајни статуи на познатите спортисти. Најпозната досега беше статуата на Кристијано Роналдо во неговиот Фуншал, која со месеци беше предмет на потсмев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови