Connect with us

Манчини: Видов добри работи за иднината на Италија

Репрезентацијата на Италија покажа многу добро лице за иднината, иако актуелниот европски шампион ја започна својата кампања во квалификациите со домашен пораз од Англија со 1-2, изјави селекторот Роберто Манчини.


„Сквадра Азура“ заостануваше со 0-2 на полувремето во Неапол пред натурализираниот дебитант Матео Ретегуи да постигне погодок.

„Го започнавме натпреварот добро, со висок пресинг, но не го одржавме до крајот на првото полувреме. Видов одличен италијански тим во вториот дел и тоа ветува многу за иднината“, изјави Манчини за РАИ.

Манчини призна дека тимот на Герет Саутгејт бил подобар во некои елементи од играта, па Англија дојде до првата победа на италијанско тло по 62 години.

„Англичаните беа опасни во статични ситуации. Ги оставивме да го постигнат првиот гол затоа што се оддалечивме од нив. Казната стигна и по корнер. Мислам дека заслуживме да постигнеме барем уште еден гол по паузата“, изјави италијанскиот селектор.

„Овојпат почнавме на потешкиот начин, се надевам дека ќе завршиме нагоре“, додаде тој.
Манчини е уверен дека напаѓачот на аргентинскиот клуб Атлетико Тигре, Матео Ретегуи ќе продолжи да се подобрува.

„Имаше потешкотии во првото полувреме, а дефанзивците на Англија се физички силни и го ограничија. Се движеше подобро по паузата, но сѐ уште е млад, игра во Аргентина и му треба време“, смета селекторот.

Италија гостува на Малта в недела во следниот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови