Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Ренова)

Можеби Ренова минатата сезона не беше на посакуваното ниво, но стартот на новиот шампионат покажува дека „гипсарите“ се подготвени за големи дела во ова ново првенство. Тимот на Ќатип Османи успеа да го земе скалпот на шампионот Шкендија во тетовското дерби и да најави многу подобри денови.

Османи е искусен лисец, го извлече најдоброто од тимот со кој располага, ги затвори приодите кон голот на Велии, а максимално ги искоиристи „подароците“ од Шкендија. Ренова поведе со 0-2, а потоа и успеа да го приведе мечот до крај стигнувајќи до голем триумф.

Ќатип Османи е тренер на колото во изборот на МАКФУДБАЛ и ги предводи најдобрите единаесетмина од втората рунда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови