Македонија ЃП се засили со Емир Скендери, досегашниот напаѓач на Струга Трим Лум. Тој се враќа во Ѓорче Петров со оглед дека потекнува од фудбалската школа на тимот од Ѓорче Петров.
„После многу години се враќам во клубот каде што почнав и едвај чекам да дебитирам во првиот тим, посакувам и ќе се трудам да постигнам што повеќе голови“, изјави Скендери.
Во следните денови тимот од Ѓорче Петров ќе треба да го комплетира и потписот на Фахрудин Ѓурѓевиќ.
„Лавовите“ досега се засилија со Џон Мена, Фисник Зука, Христијан Пецов, Александар Ѓорѓиески и Бојан Илиевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski