Connect with us

ЛШ: Бенфика е на чекор до четвртфинале, Жоао Марио го брка рекордот на Еузебио

Бенфика и Клуб Бриж ќе се соочат во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Португалскиот гигант победи со 2-0 на гостувањето во Белгија и е голем фаворит за пласман во следната рунда, додека тимот на Скот Паркер ќе мора да направи вистински подвиг за да ги елиминира лисабонските „орли“.


Бенфика има блескава сезона досега и е многу блиску до титулата во Португалија, а импресионираше и со својот настап во Лигата на шампионите. Избраниците на Роџер Шмит ќе се обидат да стигнат до четвртфиналето во две последователни сезони за прв пат во својата историја.

Од 2020 година, само Баерн Минхен и Ливерпул успеаја да победат на „Луж“ во Лигата на шампионите, а тоа на Клуб Бриж не му дава многу причини за оптимизам.

Белгијците беа сензација во групната фаза, но оттогаш нивната форма драстично падна, а доказ е пласманот во домашниот шампионат, каде „сино-црните“ заостануваат цели 20 бода зад лидерот Генк.

Последниот натпревар на тимот беше пораз со 0-3 против Остенде.

Клуб Бриж нема примено ниту еден гол во трите гостувања во Лигата на шампионите оваа сезона, но против Бенфика нема да биде доволно солидна дефанзивна игра. Навивачите сигурно ќе се надеваат на повторување на претходното гостување на тимот во Португалија и нивниот успех од 4-0 против Порто.

Бенфика ќе биде без повредениот Јулијан Дракслер, додека Сисињо и Гонсало Гуедеш ги надминаа повредите и се во групата за мечот.

Сите очи вечерва ќе бидат вперени во Жоао Марио. Доколку постигне гол, португалскиот репрезентативец ќе го достигне рекордот на легендата Еузебио од пет последовни гола во Лигата на шампионите.

Големо отсуство во составот на Бриж ќе биде Андреас Сков Олсен. Роман Јаремчук ќе остане на клупата против својот поранешен клуб, а Скот Паркер ќе типува на Феран Зутгла на напаѓачката позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови