Connect with us

Лотито има уште три дена да ја продаде Салернитана или клубот нема да игра во Серија А

Салернитана испадна од Серија А пред 22 години и конечно успеа да се врати оваа сезона во елитата, но сепак прашање е дали овој клуб ќе го гледаме во друштво на најдобрите следната сезона.


Имено, во центарот на вниманието е Клаудио Лотито, кој е сопственик на Салернитана, но и на Лацио, и поради тоа овој клуб би можел да биде вратен во Серија Б.

Два клуба во Серија А не можат да имаат ист сопственик и јасно е дека Лотито мора брзо да го реши проблемот. Италијанската федерација го одби неговиот предлог за предавање на сопственоста на анонимна компанија.

Италијанските медиуми јавуваат дека на Лотито му бил даден рок до сабота да ја продаде Салернитана за да може овој клуб да игра во Серија А следната сезона, а ако не го стори тоа, тие ќе бидат вратени во Серија Б. Во ваков случај, Беневенто, кој минатата сезона испадна би се вратил во најсилниот ранг.

Адвокатскиот тим на Лотито изјави дека тој не е загрижен за ваквата состојба и верува дека сè ќе се реши како што треба, а Салернитана ќе игра во друштвото на најдобрите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови