Connect with us

Ливерпул и Тотенхем во трка за Милан Шкриниар

Ливерпул и Тотенхем се меѓу тимовите кои се подготвени да дадат примамлива понуда за дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, пишуваат медиумите на Островот.


Словакот се етаблира како еден од најдобрите централни дефанзивци во Италија откако им се приклучи на „нероаѕурите“ во јули 2017 година. Тој забележа 236 настапи за клубот, освојувајќи ја титулата во Серија А, Копа Италија и Суперкупот на Италија со Интер.

Договорот на Шкриниар на „Џузепе Меаца“ истекува на крајот од сезоната и тоа доведе до многу шпекулации за неговата иднина. Италијанскиот вицешампион сака да го задржи еден од своите клучни играчи и веќе му понуди нов договор, но засега не е постигнат „дил“.

Некои од европските гиганти би можеле да имаат корист од ова. Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Јунајтед се подготвени да дадат конкретни понуди до агентот на Шкриниар. Во трката за неговиот потпис остануваат и Њукасл и Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови