Дејан Блажевски ја завршува активната играчка кариера објави попладнево Вардар. Тој заминува во пензија како капитен на нашиот најтфорфеен фудбалски клуб.
-За капитенот на нашиот тим Дејан Блажевски ова беше последна сезона во дресот на Вардар и популарниот “Шиле“ ја завршува својата активна играчка кариера. Тој го носеше црвено-црниот дрес во два наврати на вкупно 155 натпревари на кои што постигна 45 голови и освои три шампионски титули во дресот на нашиот клуб. Засекогаш ќе биде запамтен како дел од генерацијата која што го направи најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа. Шиле, во името на фудбалскиот клуб Вардар и на сите навивачи и симпатизери ти се заблагодаруваме за секој гол, за секоја асистенција и за секоја минута помината во светиот црвено-црн дрес. Вистински капитен, секогаш пример за помладите позади себе оставаш многу убави спомени за идните вардарови генерации. Се надеваме дека ќе уживаш во спортската пензија и воедно ти посакуваме многу успех во наредната функција која што ќе ја имаш во нашиот клуб се вели во објавата од Вардар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski