Connect with us

Кој ќе излезе од кризата? Брегалница и Академија Пандев долго не знаат за победа

Паузата поради репрезентативните обврски заврши и се враќаме на домашниот клупски фудбал. Во еден од најинтересните дуели од 12.коло денеска (14 часот) во Штип се среќаваат Брегалница и Академија Пандев.

Ќе „гори“ во Штип, затоа што и двата тима долго време не знаат за победа и бодовите им се прекупотребни. Брегалница во минатото коло загуби на домашен терен од Силекс со 2-3, па тренерот Илчо Ѓорѓиоски и фудбалерите ќе сакаат тоа да го „покријат“ со една добра игра и триумф по подолг период.

Александар Васоски има лоша серија откако се врати на клупата на Академија Пандев. Во минатото коло „пандевци“ освоија бод на гостувањето кај Победа во Прилеп, но тоа и не е доволно за амбициите што ги истакна клубот пред почетокот на сезоната.

Останатите натпревари од 12.коло во Првата лига се закажани за утре, а се среќаваат: Скопје – Шкендија, Работнички – Силекс, Шкупи – Тиквеш, Победа – Струга Трим Лум.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови