Дефанзивецот на Струга Трим Лум, Клисман Цаке, е ново засилување за актуелниот првак Шкендија. Одбранбениот фудбалер на стружани, кој може со успех да игра и во средниот ред, ја прифати понудата да се пресели во Тетово и да го облече дресот на Шкендија.
Клисман Цаке беше еден од најистакнатите фудбалери во есенскиот дел од Првата фудбалска лига, го постигна најубавиот гол есента, тресејќи ја мрежата на Работнички од слободен удар.
Цаке е четвртото засилување за Шкендија оваа зима по Ферхан Хасани, Михаил Маневски и Андре Менсалао.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement