Connect with us

Јоаким Лев заминува по 15 години: Не посакував ваква разделба

Јоаким Лев вчера за последен пат ја водеше репрезентацијата на Германија. Со елиминацијата во осминафиналето, завршуваат неговите обврски кон бундес – тимот и тој заминува по цели 15 години на кормилото на националната селекција. Имаше и многу поубави моменти, вели дека не посакувал разделбата да биде ваква.


„Кога во соблекувалната налетав на разочарани лица. Не посакував ваква разделба, не толку за мене, колку за фудбалерите кои го дадоа максимумот. Но, моравме да ги искористиме шансите на Вернер и на Милер. На вакви важни натпревари такви шанси недозволиво е да не се искористат. Сепак, ќе се обидам да се сеќавам на убавите момненти. Имаше многу добри работи во минатото со Германија. Титулата во 2014 година секако, но и Купот на Конфедерации во 2017 година. Имавме многу проблеми од 2018 година и не успеавме добро да се трансформираме. Сега ми е потребен одмор, а потоа ќе видам што ќе работам во иднина“, изјави Јоаким Лев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови