Connect with us

Интер се договори со Лукаку, но малку потешко оди со Челси

Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку се договорил со Интер за личните услови, бидејќи силно посакува да се врати во Милано, пренесуваат италијанските медиуми. Сепак, англискиот премиерлигаш бара премногу голема отштета за робусниот голгетер така лесно да се врати на „Џузепе Меаца“.

Лукаку е подготвен да прифати значително намалување на платата само за да се врати во Интер. Тој прифатил 7 милиони евра по сезона, плус 2 милиони како бонуси, што е за речиси 5 милиони евра помалку од тоа што го заработува во Челси.


Меѓутоа, Интер не е подготвен да ги исполни условите на Челси.„Сините“ бараат 23 милиони евра за едногодишна позајмица и право на откуп следното лето за 70 милиони евра.


Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи за 115 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови