Connect with us

И најбогатиот Британец достави понуда за да го купи Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед доби втора официјална понуда за купување на акциите на клубот, објавија британските медиуми.


Откако катарскиот принц, шеикот Јасим бин Мохамед Ал-Тани во петокот објави дека доставил конкретна понуда за купување на „црвените ѓаволи“, доцна вечерта истото го направи и најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф.


Седумдесетгодишниот бизнисмен, кој е сопственик на хемиската компанија „Инеос“, долго време има интерес за акциите на клубот, кои од 2003 година се под контрола на американското семејство Глејзер.


Личното богатство на Џим Ретклиф се проценува на околу 15 милијарди долари.


Медиумите во Велика Британија шпекулираат дека цената на 100 отсто од акциите на Манчестер Јунајтед би можела да достигне околу 6 милијарди долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови