Connect with us

Хаосот што владееше во Франција: Коман ги одбивал заповедите на Дешамп да излезе од игра

Дојдоа на ЕВРО како суверени светски шампиони и недопирливи фаворити за континенталната титула, но го напуштија ЕП нокаутирани во првата елиминациска рунда, засрамени и жестоко скарани на теренот и надвор од него.


Срамот на Французите со елиминацијата на пенали од Швајцарија во осминафиналето на ЕП, откако имаа два гола предност на десет минути пред крајот на регуларниот тек, го отслика очајните односи меѓу фудбалерите и стручниот штаб на чело со селекторот Дидие Дешамп, за што француските медиуми пишуваа уште пред почетокот на ЕВРО.

Еден од најдобрите докази за тоа е неверојатното однесување на Кингсли Коман. Крилниот играч на Баерн кој Дешамп го внесе на полувремето против Швајцарија, кога противникот имаше водство од 0-1, долго време не ги слушаше „заповедите“ на селекторот да излезе од игра затоа што е повреден.

Коман го повреди мускулот на десната нога, Дешамп го виде тоа и побара да биде заменет, но фудбалерот одби, патем расправајќи се со селекторот, што го забележаа сите што го гледаа натпреварот.

Додека Дешамп и Коман се расправаа, помина второто полувреме во кое Франција поведе со 3-1, а потоа во последните десет минути и ја загуби предноста (3-3).

„Дешамп неуспешно се обиде да го замени повредениот играч и на паузата пред првото продолжение и помеѓу првото и второто продолжение“, пишува „Л’Екип“, откривајќи дека тренерот му викал на Коман при последната пауза: „Но, Кингсли, ти веќе нема да играш!”

Сепак, Коман остана во игра и после тоа, а едвај излезе во 111. минута.

„Л’Екип“ додава дека Коман го сторил тоа од две причини. Првата е дека сакал да ја разниша сликата за вечно повреден играч, а втората е огорченоста што Дешамп го постави Корентин Толисо во првиот тим. Образложението било дека Толисо е подобар во одбраната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови