Connect with us

Хаос пред „Вембли“: Маскирани германски хулигани влегле во англиски паб (ВИДЕО)

Англија и Германија ремизираа 3-3 во натпреварот од Лигата на нации, а сите шест гола беа постигнати во второто полувреме. Мечот без резултатски императив ги оправда очекувањата, но претходно имаше огромни инциденти во однос на навивачките конфликти.


Според англиските медиуми, околу стотина германски хулигани, облечени во дресови на англиската репрезентација, влетале во паб недалеку од „Вембли“ каде се играше натпреварот. Вооружени со боксери и со мачети, маскираните германски хулигани предизвикале хаос во кој пет лица завршија во болница. Некои од нив со тешки повреди.

Според еден од очевидците, меѓу жртвите имало и деца и постари жени.

„Сè траеше околу две минути пред полицијата да го воспостави редот. Но, имаше многу повредени“, изјавил очевидецот.

Според портпаролот на полицијата, многумина се здобиле со повреди на главата и лицето, а имало и такви кои се пожалиле на сериозни повреди на нозете и зглобовите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови