Connect with us

Гвардиола: Халанд ќе биде уште подобар

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, очекува Ерлинг Халанд да продолжи со својот развој и да прикаже уште подобри игри во наредниот период. Кариерата на Норвежанецот во клубот започна фантастично и тој постигна 13 гола во првите девет натпревари за „граѓаните“.


„Тој е неверојатен напаѓач, тоа сум го кажал многу пати. Но, на возраста на која е, тој е амбициозен, сака да се подобрува и мислам дека ќе биде подобар. Тој ги имаше квалитетите и пред да дојде кај нас. Тој само го задржува континуитетот од она што го правеше и претходно“, изјави Гвардиола.

Халанд ќе има шанса да ја зголеми бројката на постигнати голови утре кога Манчестер Сити гостува кај Вулверхемптон. Гвардиола истакна дека неговиот тим нема да го потцени противникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови