Connect with us

„Граѓаните“ се незадржливи за Саутемптон (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари убедлив триумф (1-4) на гости против Саутемптон и се доближи на пет бода негатива до лидерот Арсенал. Тимот на Пеп Гвардиола не делуваше најдобро во првиот дел, но сепак стигна до водство со голот на Ерлинг Халанд во 45.минута.

Во вториот дел, Џек Грилиш погоди за 0-2 во 58.минута, а десет минути подоцна Халанд со прекрасен акробатски волеј-удар зголеми на 0-3.

Саутемптон постигна почесен гол преку Секу Мара, а потоа Хулијан Алварез од пенал го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови