Работнички го пречекува Пелистер (13 часот) во воведниот натпревар од 26.коло во Првата фудбалска лига. Дефанзивецот Драшко Ѓорѓевиќ верува дека „романтичарите“ можат да дојдат до нов успех доколку одиграат на потребното ниво и ги реализираат на теренот поставените задачи од шефот на стручниот штаб Александар Влахо.
„Пелистер е одличен тим, а посебно добри резултати остварува во пролетниот дел од сезоната. Заслужуваат максимален респект, но од друга страна ние сме мотивирани да продолжиме со добри игри. Верувам дека можеме да ја оствариме целта доколку ги преточиме во дело на теренот поставените задачи од шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Одиме од натпревар во натпревар и си поставуваме цел да бидеме подобри од претходниот настап“, вели Ѓорѓевиќ.
Работнички се наоѓа на петтото место и се уште би можел и во Европа доколку успее да се искачи на третата позиција. Пелистер е две места подолу на табелата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski