Младата фудбалска репрезентација до 21 година доживеа уште еден пораз, овојпат на домашен терен (0-1) од Грузија. По одличниот старт против Шведска, формата на младиот национален тим е во слободен пад, а Грузијците ни долеаја уште сол на раните.
На слабото прво полувреме се надоврза и погодокот на Маматсашвили во 55.минута. Тој доби топка на работ на шеснаесетникот и со силен шут ја затресе мрежата на Алчевски.
Македонија можеше до израмнување во 87.минута, но Илиевски не ја искористи својата шанса.
Во четвртиот натпревар од квалификациите, младата репрезентација на Македонија до 21 година го доживеа третиот пораз.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski