Connect with us

ФК Пелистер: Судењето директно влијаеше на нашиот пласман (ВИДЕО)

Фудбалскиот прволигаш Пелистер, кој се уште нема ниту една победа во елитната конкуренција по 11 кола, реагира на судењето во Првата фудбалска лига. Битолчани се огласија со соопштение.


„ФК Пелистер реагира и го нагласува нерамномерниот критериум на судиите на натпреварите од првите единаесет кола на Првата Македонска фудбалска лига. Многуте погрешни одлуки на штета на нашиот клуб директно влијаат на конечниот исход на натпреварите а со тоа и на позицијата на табелата на екипите во првенството.

Сакаме да го издвоиме последниот случај и арбитражата на судијата Јован Качевски на вчерашниот натпревар во Битола, кој наместо да биде казнет заради своите одлуки, истиот е награден со позитивна оценка од страна на контролорот Ванчо Костенчев. Видео материјалот во прилог ја потврдува (не)исправноста на неговите одлуки на вчерашниот натпревар. Затоа, бараме од Судиската комисија да се преиспита делегирањето како на судиите, така и на контролорите кои што ги оценуваат судиите, и во понатамошниот тек од првенството да се делегираат судии кои што се способни мирно, правилно и непристрасно да одлучуваат и во најкомплицираните ситуации.


Во прилог на соопштението се неколку видеа од натпреварите во првиот круг каде што судиите со нивните погрешни одлуки директно влијаеа на конечниот резултат на натпреварот. И за крај, нашиот клуб ќе игра чесно до крајот на првенството за разлика на некои екипи кои играат на друг начин. Ние сме свесни дека треба да преземиме чекори за да го подигниме квалитетот на екипата и ќе се потрудиме да ги корегираме организациските грешки од наша страна, но нема да дозволиме луѓето во црно и нивните контролори и понатаму да му наштетуваат на клубот затоа што ФК Пелистер е бренд“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови