Connect with us

Екс-фудбалер на Црвена Звезда ја убил поранешната сопруга

Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Бојан Рашовиќ, е уапсен под сомнение дека ја убил поранешната сопруга.


Медиумите во Црна Гора утрово ги шокираа сите со веста дека е убиена Бранка Петровиќ, а наводно првоосомничен е нејзиниот поранешен сопруг Бојан Рашовиќ.

Убиството се случило утрово во Херцег Нови околу шест часот, а според првите информации Б.Р. (47) со сачмарка пукал кон Б.П. (47) која починала на лице место.

Според порталот „Дан“, Бранко Петровиќ наводно била застрелана од нејзиниот поранешен сопруг, кој веднаш и се предал на црногорската полиција.

Рашовиќ е познато име во светот на фудбалот на овие простори, а своевремено настапуваше и во дресот на Црвена Звезда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови