Connect with us

Дон Карло е „мистер 100“ во ЛШ, уште две победи и ќе го надмине и сер Алекс Фергусон

Европскиот првак Реал Мадрид има одличен почеток на новата сезона. Сезонава шпанскиот клуб ги има сите победи во Лигата на шампионите и Ла Лига, а синоќа го победи Лајпциг со 2-0 во второто коло од Лигата на шампионите.


Со таа победа легендарниот Карло Анчелоти стигна до победата „број 100“ во натпреварите од Лигата на шампионите и со тоа се искачи на второто место на листата на најуспешни тренери. На првото место е Алекс Фергусон, кој има две победи повеќе од Италијанецот.

Речиси е сигурно дека легендарниот Анчелоти ќе го престигне славниот Фергусон веќе во групите актуелната сезона и со тоа ќе стане тренер со најмногу победи во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови