Connect with us

Дешамп останува селектор на Франција до 2026 година

Дидие Дешамп останува селектор на Франција и во наредните четири години. Тој потпиша нов договор до 2026 година.


Под негово водство, Франција ја освои светката титула во 2018 година, а загуби во финалето од Аргентина на неодамна одржаното Светско првенство во Катар. Во 2021, Франција ја освои Лигата на нации, а беше дел од финалето на Европското првенство во 2016 година.


Дешамп досега ја предводеше селекцијата на 139 натпревари и има 89 победи, 28 нерешени и 22 порази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови