Connect with us

Дербито на колото во Струмица: Академија Пандев сака да го сопре налетот на Шкендија

Академија Пандев го пречекува актуелниот шампион Шкендија во дербито на десеттото коло од Првата фудбалска лига. Ќе биде возбудливо на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, „пандевци“ посакуваат да ја прекинат низата од три меча без победа, а истовремено да го сопрат налетот на Шкендија која се врати во победнички ритам.

„Подготвени сме за надигрување со шампионот“, велат од таборот на Академија Пандев.

Но, и Шкендија има план да ги осволи трите бода во Струмица.

„Како и на секој натпревар, така и на овој Шкендија влегува со амбиција да победи. Без разлика дали играме во Тетово или на гостински терен, секогаш го даваме најдоброто од себе за да освоиме три бода. Работевме напорно за време на оваа двонеделна пауза, имавме и пријателски натпревари со Партизан Тирана за да ја одржиме добрата форма по убедливиот триумф против Борец. Мислам дека ќе се вратиме од Струмица со три бода“, изјави Бруно Дита.

Лидерот Шкупи гостува во Кавадарци, а Брегалница во Штип го пречекува составот на Македонија ЃП. Струга Трим Лум е домаќин на Борец, а вчера Скопје го совлада Работнички на Националната арена во Скопје со 0-1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови