Connect with us

Бускетс доби понуда за нов договор, но е лут на Барселона

Серхио Бускетс доби понуда да го продолжи договорот со Барселона, но тој е лут на клубот. Капитенот може и најверојатно ќе го продолжи договорот со Барса до крајот на сезоната 2023/24, но Бускетс смета дека Барселона морала многу порано да му навести дека сака да го задржи, да покаже многу поголема почит.


Во договорот меѓу двете страни има и клаузула преку која поранешниот шпански репрезентативец може да остане на „Камп Ноу“ уште една дополнителна сезона, до летото 2025 година.

34-годишниот Бускетс има реални шанси да стане играчот со најмногу одиграни натпревари со тимот на Барса. Досега има 712 меча за Каталонците, а пред него се само Лионел Меси (778 меча) и Чави (767 меча).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови