Connect with us

Барселона стигна до „стотка“ и 16. сезона по ред

Барселона ја достигна врвната форма и го декласира Реал Сосиедад на гостински терен со убедливи 1-6. Лионел Меси беше стрелец на два гола, подели и асистенции и тренерот Роналд Куман може да биде презадоволен од изданието на тимот.


Каталонскиот состав го исполни и „планот“ што се однесува до постигнатите голови. Стигна до „стотка“ во сите конкуренции, па така има постигнато 100 погодоци во последователни сезони.


Барселона се наоѓа на втората позиција со 62 бода и заостанува четири бода зад водечкиот Атлетико Мадрид на табелата во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови