Поранешниот белгиски репрезентативец Еден Азар, кој неодамна се пензионираше, објасни што го натерало да се откаже од фудбалот на само 32 години.
„Отсекогаш сум велел дека ќе престанам кога повеќе нема да уживам во играта. Не сакав да одам некаде само поради пари. Немав веќе желба да тренирам и да играм. Одлуката беше лесна“, изјави Азар за „L’avenir“.
Крилниот напаѓач последен пат беше дел од Реал Мадрид. Во тимот на „кралевите“ одигра вкупно 76 натпревари и постгна седум гола. Претходно, Азар помина седум многу успешни години во Челси, а неговиот пат во професионалниот фудбал започна во Лил.
Белгиецот синоќа учествуваше на хуманитарен натпревар во Франција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski