Англискиот премиерлигаш Астон Вила не сака да се откаже од услугите на најдобриот фудбалер Џек Грилиш доколку не добие сума од 100 милиони евра. Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран да го доведе Грилиш на „Олд Трафорд“, но преговорите засега не одат во посакуван правец.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, сакаше да го ангажира Грилиш и минатото лето, но не успеа да го убеди раководството на Астон Вила. Потоа Манчестер Јунајтед се сврте кон Дони ван де Бек, кој пристигна од редовите на Ајакс.
Џек Грилиш е фудбалерот кој создава најголем број шанси во Премиер – лигата. Оваа сезона тој има просек од седум подготвени шанси во текот на натпреварот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski