Connect with us

Артета: Во очите на моите фудбалери се гледа желба за победa

Одличниот почеток на сезоната на Арсенал во Премиер – лигата не е случаен и е резултат на огромната желба за победа на секој играч во тимот, изјави менаџерот Микел Артета по успехот од 1-0 на гостувањето кај Лидс.


„Против Лидс секогаш е многу тешко да се игра. Во првото полувреме бевме исклучително добри и требаше да имаме два или три гола повеќе. Честитки за Лидс затоа што направија пресврт во играта во вториот дел, а ние направивме премногу грешки и ја испуштивме иницијативата. Сепак, моите момчиња повторно покажаа огромна желба за победа и најдовме начин да победиме. Тоа е нешто навистина посебно и мислам дека нашата позиција на врвот не е случајност. Тоа ја покажува желбата за победа што можам да ја видам во нивните очи“, изјави Микел Артета.


Арсенал има четири бода предност пред Манчестер Сити и пред Тотенхем на врвот на табелата во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови