Connect with us

Арсенал тргнува по Душан Влаховиќ

Арсенал ја загуби трката со Челси за Украинецот Михаило Мудрик, а сега ќе побара нови решенија во обид да ги засили своите редови и да ја нападне шампионската титула во Англија.


Менаџерот Микел Артета сака да го засили нападот, а според италијанските медиуми сега повторно се насочил кон Душан Влаховиќ кого се обиде да го доведе и додека настапуваше за Фиорентина, но фудбалерот го избрал Јувентус.

Арсенал подготвил понуда до Јувентус за српскиот напаѓач, а таа ќе изнесува 80.000.000 евра. На тим му е потребен напаѓач, бидејќи Габриел Жесус е повреден, па Артета сега го користи само Нкетија на таа позиција.

Влаховиќ е повреден уште од Светското првенство во Катар, а за Јувентус одигра 25 натпревари и постигна 13 голови. За српската репрезентација одигра 19 натпревари и постигна десет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови