Connect with us

Андерсон: Најтешко е кога ќе загубите на ваков начин

Шведска само неколку мигови ја делеа до изведување пенали, но прими гол во 120.минута и доживеа елиминација од Украина (2-1) во осминафиналето на Европското првенство. Селекторот Јане Андерсон не го криеше разочарувањето по натпреварот на „Хемпден парк“.


„Најтешко е кога ќе загубите на ваков начин. Доаѓате до крајот и потоа да примите гол во последните моменти. Оваа рана долго нема да можеме да ја залечиме. Тоа беше брутално за нас. Сепак, заминуваме со кренати глави од Европското првенство“, изјави селекторот на Шведска.

Украина во четвртфиналето ќе се сретне со селекцијата на Англија во Рим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови